1. Пребарување на производи низ Е-Маркети, додавање во листа на желби, додавање во споредувачка листа, додавање во кошничка, како и препорачување на пријател преку email може да прави секое лице со наполнети 18 години.
2. Услугата „Нарачка“ на производи од Е-Маркети може да ја прави само регистриран корисник, откако претходно ќе ги прифати условите на услугата.
3. Пишување на оценка или коментар за производ, исто така може да биде направено само од страна на регистриран корисник.
-Регистриран корисник може да биде секое лице со наполнети 18 години, со постојана или привремена адреса на живеење во РС Македонија, на којашто може да се изврши достава на нарачаните производи.
- Регистрираниот корисник, за да може да направи нарачка, мора претходно на свое име да поседува платежна картичка (Visa или Mastercard).
*За да се регистрирате како корисник, кликнете тука
4. Според политиката на Е-Маркети, нарачка може да се направи само од маркет од општина иста со општината назначена во адресата за достава на нарачката.
- Доколку корисникот направи нарачка од маркет од друга општина, различна од општината назначена во адресата за достава, самиот си ги сноси последиците од погрешната нарачка, и Е-Маркети спрема корисникот немаат никаква обврска на обесштетување.
5. Веднаш после правењето на нарачката, корисникот на својот email, од страна на Е-Маркети (ЕЛЕКТРОНСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДООЕЛ РЕСЕН) добива електронска сметка и потврда за платената нарачка, со точно име, цена и платен данок за секој производ поединечно.
- Во моментот на доставата, маркетот доставувач е должен на корисникот да му издаде фискална сметка.
*Ве молиме, пред да ја направите вашата нарачка, внимателно изберете маркет од истата општина во којашто сакате да ви биде извршена и доставата.