1. Продавач може да биде само регистрирано правно лице, кое претходно ги исполнило сите услови и ги стекало сите дозволи, според позитивната законска регулатива во РС Македонија, за продажба на производи за широка потрошувачка.
2. Продавачот може, но не мора да поседува физички продавници. Доволно е да поседува соодветен магацински простор за чување на робата што ја продава.
3. Е-Маркети на продавачот, во рок од 24 часа откако правното лице аплицирало за сметка на продавач, му обезбедува посебна продавница со:
- веб адреса: ime_na_prodavnicata.emarketi.mk
- име и лого на продавачот
- посебен панел за продавачот (од каде што ќе може да поставува неограничен број на производи со слики, цени, начини на плаќање и достава; да ги ажурира истите 24/7, и да ги следи своите нарачки).
4. Продавачот средствата од нарачките ги добива на својата банкарска сметка веднаш после извршувањето на нарачката од страна на купувачот и презема целосна одговорност за навремената и соодветна достава на нарачаните производи во согласност со политиките на Е-Маркети.
5. Продавачот е обврзан на купувачот, при доставата, да му издаде фискална сметка за производите од нарачката.
6. Продавачот на Е-Маркети месечно му исплаќа месечна пазарна такса (утврдена во договорот за соработка), после уредно доставената фактура, во рок од 7 дена.
*Висина на месечната такса:
- Доколку продавачот не наплаќа дополнително за доставата, и не ја ограничи кошничката на својата продавница со минимум промет, на Е-Маркети му плаќа месечна такса во висина од 1% од месечниот промет, но не помалку од 1.000 мкд месечно
- Доколку продавачот не наплаќа дополнително за доставата, но ја има ограничено кошничката на својата продавница со минимум промет, на Е-Маркети му плаќа месечна такса во висина од 2% од месечниот промет, но не помалку од 1.000 мкд месечно
- Доколку продавачот за доставата наплаќа дополнително, и ја има ограничено кошничката на својата продавница со минимум промет, на Е-Маркети му плаќа месечна такса во висина од 3% од месечниот промет, но не помалку од 1.000 мкд месечно.